Во петок, на десетти декември, со почеток во 11 часот, во холот на НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје, ќе се одржи поетско читање посветено на великанот на нашата книжевност Блаже Конески под наслов „Златоврв“. На средбата ќе настапат: Влада Урошевиќ, Михаил Ренџов, Кристина Николовска, Иван Џепароски, Билјана Станковска, Љубинка Донева, Виолета Танчева-Златева, Славчо Ковилоски, Марина Мијаковска и Соња Стојменска-Елзесер.

Читањето е дел од заеднички настан во организација на НУБ „Климент Охридски“, Друштво на писатели на Македонија и Фондација Небрегово и претставува  сегмент од програмата „2021 – Година во чест на Блаже Конески по повод 100-годишнината од раѓањето“ што се реализира под покровителство на Претседателот и со поддршка на Владата на Република Македонија.

Средбата ќе се одржи по протоколите за организирање културен настан во време на пандемија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.