Во чест на 100 години од раѓањето на македонскиот поет, раскажувач, есеист, книжевен научник и лингвист Блаже Конески, вечер пред платото на Центарот за култура „Браќа Миладиновци” во Струга ќе се одржи поетско читање.

Интерпретацијата под наслов „Блаже Конески – Проста и строга македонска песна, 100 години од раѓањето на великанот” ќе биде во изедба на актерката Симона Спировска и пијанистот Дино Имери.

Настанот, како што соопшти организаторот, е дел од прославата на Владата на Република Македонија, по повод одбележувањето 30 години од независноста. Ќе се пренесува во живо на Facebook страната Блаже Конески-Проста и строга македонска песна: https://www.facebook.com/Koneski2021

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.