Во субкултурниот центар ShortBus, вечерва со почеток во 21:00 часот ќе се одржи настан насловен како Поетска станица, на кој ќе настапат поети и музичари кои немале шанса да настапат на сцена.

Poetry station го организираме со цел да креираме нова енергија во уметноста и меѓу луѓето тука во Скопје. Сакаме нешто ново, нешто оригинално што би можело да создаде промена во литературата на овие простори со тоа што истакнуваме поети што немале досега шанса да стапнат на сцената, како и музичари. Се водиме според тоа дека уметниците се вечна инспирација и треба да имаат секогаш предност. Што се однесува до поетите, нивните песни ќе нѐ инспирираат за темата на следното поетско читање што значи еднаш месечно ќе имаме прилика сите да се собереме на едно место да се запознаваме со авангардни ликови да слушаме нова музика и да уживаме во поезијата, велат организаторите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.