Фестивалот на светлината „Skopje Light Festival“ ќе се одржува на 2 и 3 септември (петок и сабота) во скопскиот Градски парк со почеток од 20 до 24 часот.

Темата на овогодинешниот Фестивал е рефлексијата која нѐ поттикнува да ја истражиме светлината, да ја почувствуваме и да уживаме во нејзиниот пат.

На 5. издание ќе учестуваат: Рубин Трајковски, Анета Стојчевска, Зоран Тошевски, Бобан Манов, Мартин Димитријев,Т33 креатив енд ко, Ана Трајковска, Кристина Пауновска- Гиразова, Елизабета Тошевска и Перо Кованцалиев. Исто така, ќе имаме можност да ги видиме и учениците од ДСУЛУД ,,Лазар Личеноски” со 18 проекции на анимации изработени за време на училишните часови.

Со своја инсталација ќе се престави и тимот на светлосни дизајнери при матичната институција, а во специјално дизјанираната „чил“ зона посетителите на фестивалот ќе ги забавуваат диџеите Бранчез, Зоки Бејбе, Вишко, Сашо-Узун, Томи Бојаџи и Маци Стојановиќ.

„Со цел да одговориме на предизвиците на енергетската криза, а да не го донесеме во прашање одржувањето на фестивалот, бројот на фестивалски денови e сведен на само 2 дена, сите инсталации и перформанси се со ЛЕД осветлување и имаат минимална потрошувачка, велат организаторите.

Настанот е во организација на ЈУ Универзална Сала, финансиран од Град Скопје а поддржувачи на настанот се: Државна лотарија, Антена 5 радио, Фондацијата Јунус Емре и Маратон Груп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.