Денеска под мотото „Ментална хигиена” се отвора деветтото издание на Скопската недела на дизајн во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“. Влезот за сите посетители на дневна и вечерна програма е слободен.

Менталната хигиена ја одбравме пред сè како иницијатива со која би го промениле сето она што го навредува дизајнот, а го поддржува сопствениот стил на живот, работа и моментите кои не дефинираат нас. Дизајнот можеме да го сретнеме насекаде, во секојдневниот живот, низ различни форми, пишан збор, фотографија, музика, индустриски дизајн, активизам итн. На нашето општество потребен му е бран на ментална „чистка”, пред се преку потврда на нашата работа овие девет години, изјави Тамара Георгиевска, менаџер на СДВ.

Првпат годинава, СДВ нема земја во фокус, но затоа ќе им оддаде почит на сите дизајнери и дизајн сцени од бившите Југословенски просторино и пошироко. Артисан (БиХ), Газда (БиХ), Гир (Србија), Група (Хрватска), Просторија (Хрватска), Занат (БиХ), ПалтформатаYoung Balkan Designers (Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија, Албанија и Македонија), Здружението на дизајнери од лица со посебни потреби “In My Shoes”(Македонија), актуелниот добитник на престижната награда за германски дизајн – Завар Дизајн (Македонија), дизајнерката на внатрешен ентериер Ивана Пешликовска, како идизјнерот на внатрешен ентериер Кирче Стојоски (Македонија), брзо растечкиот домашен производител Софа Студио (Македонија), Спектра (Македонија), Natuzzi, и уникатната работилница составена од дизајнери од Холандија, Велика Британија, Белгија и Македонија за дизајн на мобилна градина за лица со посебни потреби “On the point”.

Во рамките на работната програма, се случуваат различни типови на работилници и предавања кои ја опфаќаат менталната хигиена во целост. Работилниците и предавањата ќе бидат на третиот кат во „Јавна соба“. „Како до нови клиенти употребувајќи дизајн размислување”, „Дизајнот и неговата бескорисност”, „Измисли ја својата маица” (наменета за деца), “Базилико – презентација за софтвер за вински барови и ресторани”, „Чувајте го вашиот ментален мир додека водите бизнис”, “Што е дизајн” – презентација на уникатниот продукт дизајнер Никола Узуновски, „Користете го паметно вашиот кревет”, “Секс, врски и (себе) дизајн”.

Годинава на СДВ ќе се организира час по готвење под капата на мастер готвачот Ренато Краљев, на 30.11.2019 со почеток во 12:30, додека по овој час следи вечерата „Вкусот на Задар” која започнува во 19:00 часот.

Детална програма на настанот на: www.ministryofpleasure.net

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.