„Скопје Сити Мол“ информира дека од денеска почнува четвртиот циклус на иновативни претстави, кои ќе се одржуваат секоја недела во рамките на „Мој театар – Сити театар”.

Репертоарот на претстави ќе биде исполнет со различни музичко – драмски претстави, наменети за деца од три до десетгодишна возраст. Ќе преовладуваат и несекојдневни богати визуелно технички можности, со ласерски анимации и слично, а преку интерактивноста која се спроведува за време на претставите, публиката ќе има можност да партиципира и биде дел од самите претстави.

Нашата интенција е да овозможиме редовни културни манифестации со иновативен концепт на делување, а воедно и со продажба на билети со надомест од 150 ден. да собираме средства кои дел од нив ќе ги донираме повторно за хуманитарни цели. Од претходните 3 цуклуси се собраа 250,000 денари кои беа донирани вo здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар Доза среќа”. Нашето мото и за овој циклус на претстави ќе биде “Од дете за дете, да подадеме рака, да уживаме и другаруваме, изјави Дамјан Корубин, маркетинг менаџер на „Скопје Сити Мол“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.