Невладината огранизација Кино – Балкан организира фестивал Блендер-фестивал на децентрализираната култура 2019. Првиот дел од фестивалот почнува на 13 јуни. Целта на овој проект е коренита и суштинска децентрализација на културата во државата преку креирање на интрарегионални партнерства меѓу локалните институции, организации и индивидуалци, како и нивно вмрежување со сродни институции од главниот град. Целта не е само организирање на еден ефемерен настан, туку поставување темели за понатамошни слични акции и случувања кои директно ќе ја збогат локалната културна сцена и ќе создадат плодно тло за самоорганизирање и иницијатива.

Блендер – фестивал за децентрализирана култура 2019 ќе се случи на 13 и 15 јуни јуни 2019 во Капан ан и Киниотека.

  

Програма

Капан ан, 13.06.2019 , 00 ч. (Влез Слободен)

§  Мартчин,  (dj set)

§  Роботек,  (dj set)

Кинотека на Република Северна  Македонија, 15.06.2019, 20 ч.

§  Проекција на филмови на Божа Васиќ (Нови Сад, Србија)

§  ДАМИ ВО БЕЛО (LAS DAMAS DE BLANCO – LADIES IN WHITE)

§  ДЕФИНИРАЊЕ НА ГРАВИТАЦИЈАТА (DEFYING GRAVITY – DANZA VOLUMINOSA)

§  Изложба на фотографии од серијата „Поместување – кога твојот свет се превртува наопаку“

§  Концерт на The Local Blue

Музиката на скопското трио The Local Blue е динамична и психоделична. Нивниот звук не може да се опише како збир на секојдневни, тривијални вибрации, ниту пак да се дефинира низ призмата на постоечките жанрови. Напротив, текстурата на звукот на The Local Blue претставува цврста основа за креирање несекојдневни и уникатни звуци кои се филтрираат преку кохезивноста на инструменталистите. Нивната константна склоност кон импровизациските преформанси се одразува на развојот на нивните творечки процеси и воедно продолжува да ја збогатува андерграунд сцената во скопските кругови.

За време на настанот ќе може да се купи пиво од производители на домашно занаетчиско крафт пиво, исто така  Граѓанската иницијатива Шепасти Ентузијасти во рамки на Блендер – фестивал за децентрализирана култура 2019 на 15.06.2019 почнувајќи од 20 ч. во Кинотека на Северна Македонија ќе има штанд каде се поканети сите сопственици и љубители на животни. Шепасти Ентузијасти е Граѓанска иницијатива за заштита на животните, која има 16 кучиња кои ги лекуваат, а некои чекаат и дом. И во таа прилика може да поразговарате за совети за вашите миленици и да донирате, секоја донација оди 100% за спасените животинки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.