Вечерва во 21 часот, во селото Велестово, на сретсело, на чешма, ќе биде отворена 31-та Поетска ноќ во Велестово, посветена на поетот Иван Џепароски, а потоа ќе биде отворена и изложбата на академскиот сликар Воскресија Андреевска.

Манифестацијата ќе започне со кус музички концерт на вокалистката Зарина Првасевда, со специјална придружба од Александар Петров на тапан.

Девојката што настапува под уметничкото име Зарина Првасевда, лик познат од една охридска староградска песна, го избира ова име како симбол на македонската традиција што оваа млада девојка ревносно ја шири и ја одржува.

Ве очекуваме вечерва во Велестово, да се насладуваме на убавиот поглед и уште поубавата уметничка програма што годинешното 31-во издание на Поетска ноќ во Велестово ни ја нуди!, велат организаторите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.