Започнаа градежните работи околу реконструкција на покривната конструкција на Домот на културата „Драги Тозија во Ресен.

Како што информираат од општината, реконструкцијата ќе се одвива во две фази, а истата е предвидена во годишната програма на НУ Завод музеј Битола, финансирана од Министерството за култура.

Со ова трајно се решава еден долгогодишен проблем кој е од големо значење во целокуоната заштита на нашето културно богатство. Во исто време, поднесена е апликација за добивање на средства за целосна внатрешна реконструкција- соопштија од локалната самоуправа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.