Под мотото „Живо наследство“ од денеска, па во наредните три месеци, ќе се одбележуваат Деновите на европското наследство во 2023 година, со организирање на десетици илјади настани во 48 земји.
Целта на манифестацијата е да се покаже живописноста, различноста и значењето на културните традиции, знаења и вештини во Европа, преку одржување на културни настани, изложби, уметнички перформанси, интерактивни работилници, предавања и туристички тури.
Заеднички организирани од Комисијата и Советот на Европа, Деновите на европското наследство се можност граѓаните да научат повеќе за богатата и разновидна култура на Европа и да ја промовираат заштитата на нашето заедничко наследство за сегашните и идните генерации, соопшти Европската комисија.
Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, во рамки на иницијативата ќе се спроведуваат и европски проекти за прекугранична соработка, со цел да се поттикне соработката меѓу различни локалитети кои се дел од културното наследство.
Деновите на европското наследство остануваат посветени на славење и заштита на богатиот културен мозаик на Европа, се додава во соопштението.
Одбележувњето на Деновите на европското наследство започна во 1985 година на иницијатива на Советот на Европа со цел да ја поттикнат културна разновидност, дијалогот и зачувување на наследството. Од 1999 годна тие се организраат заеднички од Европската комисија и Советот на Европа, како доказ за богатството на европското културно наследство, истовремено поттикнувајќи дијалог, инклузивност и прекугранични активности. Во одбележувањето на Деновите на европското наследство во 2022 година учествуваа околу 20 милиони луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.