Во Охрид се одржува манифестацијата „Прличеви беседи- 2019“ и во рамките на манифестацијата на македонскиот поет, прозаист и книжевен историчар, Славчо Ковилоски, му беше врачена книжната награда „Григор Прличев“ за првонаградена поема за 2018-та година.

Поемата на Ковилоски е загатната, мегу другото, и во фасцинацијата од многузначноста на преданието за јунакот Крали Марко, којашто самата по себе е книжевен предизвик за распоредување на нови нишки при неговото препрочитување,но, во исто време, реактуализацијата на ликот на Крале Марко е недвосмислено индексирана како показател на општественото доба на криза, иликриза на општествениот, а оттаму и на јуначкиот идентитет – напомена, мегу другото, д-р Наташа Аврамовска, претседателка на жири-комисијата за доделување на наградата.

Прогеамата на манифестацијата опфати изведба на наградената поема „Крале Марко по втор пат“ од актерите Ивица Цонев и Павел Маслов и ликовна изложба, а утре „Прличевите беседи“ продолжуваат со полагање свежо цвеќе пред споменикот на Григор Прличев во дворот на ОУ „Григор Прличев“, потоа ќе се одржи панихида и полагање цвеќе на гробот на Григор Прличев, а во Спомен куќата на Прличев во 12 часот ќе се одржи манифестацијата „Стихови и звуци за Прличев“, во рамките на која беседа за Прличев ќе има Академик Витомир Митевски.

Предвидено е во 12:45 часот пред Бистата на поетот пред охридската библиотека да се положи ловоров венец и свежо цвеќе, а обраќање ќе има секретарот на Друштвото на писатели на Република Македонија, Мишел Павлоски, во 13 часот ќе се одржи портрет на писателот и поет Видое Видически, како и видео-проекција „Од животот на Прличев“, а ќе се одржи и традиционалната манифестација „Охридска визита“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.