Американскиот режисер со српско потекло Питер Богданович почина на 82-годишна возраст, објавија американските медиуми.

Богданович беше и сценарист, актер, продуцент, критичар и филмски историчар. Најпознат е по филмовите „The Last Picture Show“, „Targets“, „Paper Moon“, „What’s Up, Doc?“, „Mask“, „The Thing Called Love“…

Како гостин на 40. ФЕСТ, во 2021 година му беше доделен Златен печат на Југословенската кинотека, нејзино највисоко признание, кое беше востановено во 1995 година по повод стогодишнината од филмот.

Богданович беше член на бранот режисери на „Новиот Холивуд“, во кој беа и Скорсезе, Спилберг, Алтман, Ален, Фридкин, Де Палма и Копола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.