Денеска на 72 годишна возраст почина Ѓорѓи Чулаковски – Ѓото, истакнат македонски графичар и професор во средното уметничко училиште и на Факултетот за ликовна уметност во Скопје.

Денеска почина нашиот долгогодишен професор по графика и некогашен директор на средното уметничко училиште, Ѓорѓи Чулаковски – Ѓото. Посмртните останки ќе бидат изложени на 17 септември во 11 часот во капелата на градските гробишта во Битола. Почивај во мир професоре. – објавија на Фејсбук неговите од „Лазар Личеноски“.

Ѓото е роден во 1947 година во селото Герман во Егејска Македонија, а потоа живеел во Битола, пред да дојде во Скопје. Магистрирал на Ликовната академија во Скопје, отсек графика, зад себе остави богато творешство, за кое што добил голем број меѓународни награди.

Автор е на 20-тина самостојни изложби и над 100 колективни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.