Познатата српска писателка Исидора Бјелица денеска почина во домот на своите родители во Нов Белград, објавија српските медиуми.

Педесет и двегодишната Бјелица се бореше со канцер од 2012 година.

Не сакав да ве малтретирам, мислев дека можам сама. Меѓутоа, ова се толку ужасни физички и психички маки, поради што ќе ве замолам да се молите на Господ да простува и веќе да заврши агонијата, напиша Бјелица пред еден месец на својот профил на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.