Холивудската ѕвезда Оливија де Хавиланд, која играше, меѓу другото, во класиката „Однесено со виорот“ од 1939 година, почина вчера на 105-годишна возраст во Париз, објави нејзината менаџерка.

Оливија де Хавиланд почина мирно, рече нејзината менаџерка Лиза Голдберг.

Актерката беше номинирана за престижниот Оскар за улогата на Меланија во филмот „Однесено со виорот“, но освои два Оскари за улоги во други филмови: „Секому своето“ и „Наследничка“.

Таа беше сестра на исто така големата актерка Џоан Фонтејн, која освои Оскар за улогата во филмот „Сенка на сомнежот“ на култниот Алфред Хичкок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.