Најпознатиот дански актер Мадс Микелсен пристигна на Сараевскиот филмски фестивал кој почна во саботата и ќе трае до 19 август. Микелсен е добитник на наградата „Почесното срце на Сараево” на 26. Сараевски филмски фестивал во 2020 година. Меѓутоа, наградата тогаш не можеше да му биде лично врачена, поради пандемијата на коронавирусот.

Признанието на данскиот актер му е доделено за неговиот исклучителен придонес во филмската уметност. Во негова чест беше прикажан филмот „Лов“ на Томас Винтенберг, во кој Микелсен ја толкува главната улога.

Прв пат сум овде. Имав малку време да шетам, да јадам ќебапи и тоа е она што го видов досега. Многу сум среќен што сум на фестивалот. Посакувам да имам седум дена да го видам целиот град , но морам да одам утре, рече тој.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.