Музејот на Северна Македонија ја одложи изложбата „Африка во Македонија“, првично најавена за 30 октомври, откако пред неколку денови министерот за култура Хусни Исмаили го разреши директорот Гордан Николов, пишува порталот СДК.мк.

На настанот објавен на Фејсбук, Музејот објави дека отворањето на изложбата се одложува од објективни причини, и дека во моментот не можат да се реализираат одредени административни процеси во музејот, а дел од нив се рефлектираат и врз изложбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.