По повод Светскиот ден на операта вечер со почеток во 20 часот во Националната опера и балет, ќе се одржи концерт на солистите на Националната опера и балет.

На концертот ќе настапат солистите Марјан Јованоски (баритон) и Владимир Саздовски (бас).

Додека, гостин ќе биде Сандра Митровска (сопран); Пијано придружба Елена Сиљаноска.

На програмата се арии и дуети од оперите на П. И. Чајковски, Џ. Верди, У. Џордано, А. Дворжак и П. Маскањи.

Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19 или потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, а задолжително е носење на заштитна маска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.