За затворање на овогодишната програма на Здраво Млади, организаторот, Младински културен центар (МКЦ) ги најавува домашните ПМГ колектив, изложбата „25-тата слика – Неслушнатото, невиденото и незбореното“ на Сали Ертунч и Ирецот – Диџеј Фиц!

Десеттото издание на фестивалот на нова музика – ЗДРАВО МЛАДИ е закажано за 27 август, во паркот на МКЦ. Билетите по цена од 500 денари се достапни online преку bileti.mkc.mk

Фестивалот ќе се одржи под посебни безбедносни и здравствени мерки, дефинирани во протоколот за организација на јавни настани.

Фестивалот е поддржан од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.