Во четврток, 14 ноември 2019, со почеток во 19.19 часот, во Салонот 19,19 ќе се одржи петтото издание на мултимедијалната манифестација „Креативни точки 2019“. Предвиден е настап на млади, но веќе афирмирани автори, прозаисти, поети, актери и музичари. Организатори се Центарот за култура и културолошки студии и Културно информативниот центар на Град Скопје со учество на Женскиот хор „Менада“ од Тетово.
На „Креативни точки 2019“ учествуваат: Петар Андоновски, Долорес Атанасова Лори, Ѓоко Здравески, Игор Крајчев, Владимир Лукаш, Биљана Стојановска, Снежана Стојчевска, Исток Улчар, Ана Голјешка Џикова, ГЖМХ „Менада“ од Тетово под раководство на маестро Ивица Зориќ и студентите од ФДУ Скопје од класата на проф. Зоја Бузалковска.
Манифестацијата нуди можност, преку заедничка креативна работа творците да ги споделат искуствата и да предложат дела со високи уметнички вредности, кои едновремено засегаат во секојдневното живеење на младата генерација.
Искуството од претходните четири изданија на манифестацијата говори дека таа придонесува за помасовна рецепција на литературното творештво и нуди интересна, интензивна, динамична и раздвижена културна програма

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.