Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска во јуни патува на седум фестивали нив целиот свет. Започнувајќи со проекеција на Кино Изола во Словенија, кое беше пропратено со предавањето од Данијел Хочевар, нашиот ко-продуцент, за начинот на кој е создаден филмот со пет земји во копродукцијата.

Филмот досега е проследен со одлични критики и оцени од публиката. Во Франција, филмот досега го видоа 32. 000 луѓе и „Петрунија“ влегува во неверојатна седма недела на дистрибуција и ќе се прикажува во 56 кино сали.

Од Изола, Петрунија продолжува во Арт Филмскиот Фестивал во Словачка од 14 до 22 јуни. На престижниот Сиднеј Филмскиот фестивал заедно со тамошниот австралиски дистибутер (Palace) ќе биде прикажан на 14 и 15 јуни во исклучителната главна конкуренција заедно со мајсторите на денешната кинематографија како најновиот филм на Алмодовар и Канскиот победник „Паразит“.

Во исто време Теона на фестивалот ќе биде дел од жирито за краткометражен филм. На 29 јуни, филмот ќе биде прикажен на Еденбург Филмскиот фестивал. Потоа „Петрунија“ патува на Брисел Интернационалниот филмски фестивал каде ќе биде прикажан на 28 и 29 јуни во главната конкуренција и потоа во јули и август започнува кино дистибуцијата во Белгија. Во јуни „Петунија“ ќе биде прикажан на уште еден фестивал во Германија, овој пат во Манхајм, од каде дистибутерот (JIP filmverley) ја подготвува кино-дистибуцијата во оваа земја за есен.

Во јуни, „Петрунија“ ќе биде и дел од најголемиот, 21 по ред, студенски фестивал во светот во Тел Авив. Теона Стругар Митевска е поканета од фестивалот да одржи мастер клас на филмските студенти во Израел и во нејзина чест тие прават и ретроспоектива на нејзините филмови најавувајќи ја како „авангарден филмски творец и централна фигура во наодаѓачкиот пост-југословенски нов талас”. Меѓу останатите филмски дејци кои одржале мастер класови на овој фестивал во минатото се и Тарантино, Ханеке, браќата Дарден, Алмодовар, соопштија од продукција „Митевски“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.