Петре Димовски за расказот „Во трка за животот“ ја доби првата награда на конкурсот на дневниот весник „Нова Македонија“, на денешното доделување на признанијата во кафулето „Капри“. Втората награда ѝ беше доделена на Симона Јованоска за расказот „Последниот кат“, а третата ја доби Ленче Милошевска за расказот „Пештер“.

Откупните награди ги добија Тони Попов за „Гугутки“, Лилјана Пандева за „Дупка“ и Емилија Гиноска за „Ентелехија“. Наградите се парични.

Секој од шесте избрани раскази носи различен и видлив авторски белег, со раскажувачка умешност да се доловат атмосферата и ликовите, а настанот што се опишува да се збогати со слоевитост на раскажувањето. Наградените раскази се свои и различни еден од друг, соопшти жирито.

Во жири-комисијата за доделување на наградите беа Александар Прокопиев, селектор на расказите и Весна Дамчевска, уредничка на редакцијата за култура. Наградите на годинашните добитници им ги додели главниот уредник на „Нова Македонија“, Александар Димковски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.