Пет актери од Театар Комедија вечерва ќе настапат онлајн на сцената во дворот на театарот

Култура 22.05.2020 / 17:59

НУ Театар Комедија и оваа седмица продолжува со своите предвидени активности од вонредната сцена.

Oвој пат на сцената ќе застанат петмина актери, кои, распоредени на соодветната дозволена дистанца, ќе се обидат со својот настап барем за миг да ја разведрат публиката. Вклучувањето во живо е закажано за в петок, со почеток во 20:30 часот од сцената во дворот на театарот. Актерите, техниката и управата се подготвуваат интезивно оваа седмица, информираат од Театар Комедија.

Публиката ќе може да ужива во настапите на актерите: Жарко Димоски, Жаклина Стевковска, Роберт Ристов, Ева Скендеровска и Дритон Вејсели

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.