Магаренцето на Патувачкото кино на „МакеДокс“ го продолжува своето тринаесетто патување во Преспанскиот регион. Годинава Патувачкото кино е поделено во две етапи. Првата се одржа од 18 до 23 јули во струмичките села, додека втората етапа ќе се реализира во регионот на Преспа со четири проекции на документарни филмови од 13 до 17 септември 2022 година.

Патувачкото кино во Преспа ќе се одржи на следните локации:

13.09. – Ресен (Сарај)
14.09. – с. Дрмени (кај самопослугата)
16.09. – с. Лавци (кај џамијата)
17.09. – с. Подмочани (на игралиштето)

*Проекциите се бесплатни и почнуваат во 19.30 часот.

Преспа е повторно во фокус, бидејќи (агро)културата во тој регион е тотално девастирана, а таа е основа за сите понатамошни сегменти на современото живеење (образование, економија, политика…), но овојпат на нови локации, посочува Бранд Ферро, извршен продуцент на МакеДокс.

Патувачкото кино на „МакеДокс“ 2022 е поддржано од Агенцијата за филм на Македонија и Националната фондација за демократија од Вашингтон.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.