Уметниците кои не се во редовен работен однос и чии проекти се откажани поради пандемијата, за кои добиле поддршка во рамките на Годишната програма 2020 од Министерството за култура, може да аплицираат за државна помош во вредност од 14.500 денари за месеците април и мај.

Јавниот повик е веќе објавен на веб-страницата на Министерството за култура, а се однесува на донесената Уредба со законска на 57 седница на Владата.

Уредбата се однесува на финансиска поддршка на уметници и други физички лица кои самостојно вршат дејности и други активности во областа на културата за време на вонредна состојба.

Корисник на финансиска поддршка може да биде уметник или друго физичко лице-барател, државјанин на Република Македонија, кој самостојно или преку авторски или друг вид на договор, учествува во реализација на проект поддржан на Годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2020 година или во реализација на проект поддржан од меѓународни фондови, односно меѓународни организации, а кој е откажан поради здравствено – економската криза предизвикана од коронавирусот ковид-19, велат од Министерството за култура за 360 степени.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.