Клупата на Горан Стефановски требаше да биде поставена денеска во Дебар Маало, но поради вонредната состојба настаната поради пандемијата на коронавирусот тоа ќе се случи подоцна. Игор Стефановски, синот на Горан на својот фејсбук профил напиша:

Денеска, околу ова време, требаше да се собереме во Дебар Маало за да ја откриеме клупата на Горан (заедно со една мала забава за неговиот роденден, кој е утре).
Тоа, како и многу други нешта, не се случи, но се надевам дека во скоро време ќе бидеме заедно за овој и сите културни настани кои толку многу ни фалат овие денови. Бидејќи, што е животот без културата?
До скоро (пупупу)!

Денеска, околу ова време, требаше да се собереме во Дебар Маало за да ја откриеме клупата на Горан (заедно со една мала…

Posted by Igor Stefanovski on Sunday, 26 April 2020

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.