Драматичната опера „Палјачи“ од  италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет во петок, 27 јануари 2023 во 20 часот.

Ремек-делото на веризмот, опера за љубов, неверство, убиство…  ќе се изведе под диригентската палка на Иван Еминовиќ, во режија на Дејан Прошев, сценографијата е на Илина Ангеловска, костимограф е Никола Булески, кореограф: Олга Панго, концерт – мајстор: Јане Бакевски, хор – мајстор: Јасмина Ѓорѓеска.

Настапуваат: Зоран Сотиров, Билјана Јосифов, Борис Трајанов, Дејан Стоев  и  Драган Ампов.  Балетските солисти: Ендру Кук (Англија), Агим Бафтии и Меланија Гоцевска. Хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.