Македонската оперска ѕвезда Ана Дурловски со петминутни овации беше поздравена од публиката на новогодишниот концерт на минхенскиот радиски оркестар.

Во престижната концертна сала „Херкулесал“ во Минхен таа изведе познати оперски арии под диригентската палка на Иван Репушиќ.  Дурловски од страна на германското БР радио беше најавена како „македонската дива и еден од најзначајните солисти на штутгардската опера”. Концертот беше пренесуван во живо на веб страницата на германското радио.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.