Во Mузејот на современата уметност вчеравечер беше отворена изложбата “Скопје, одново”.

Оваа изложба нѐ потсетува како вакви трагедии, иако исполнети со тага и болка, можат да нѐ сплотат и да нѐ потсетат на нашата заедничка хуманост, рече американската амбасадорка во Скопје, Кејт Мари Брнз, на синоќешното отворање на изложбата „Скопје, одново“ во Музејот на современа уметност (МСУ).

Kураторки на изложбата се Aна Kац од њујоршката “Mома” и Кумјана Новакова, од Музејот на современа уметност “Скопје, одново” во фокус го става основањето на музејот и неговата меѓународна колекција.

За првпат изложуваме некои дела од колекцијата, бидејќи кураторките со поставката даваат ново читање на познати, но и помалку познати дела од нашата вредна колекција. Преку изложување на документи и друг архивски материјал дадена е интегрирана информација за почетоците и за големиот ентузијазам во основачките години на Музејот. Оваа изложба беше најавена и во списанието ‘Арт Форум’, а работиме на тоа да ја претставиме и пред американската публика“, вели Мира Гаќина, директорка на МСУ.

Изложбата претстави повеќе од 100 дела и архива поврзана со процесот на креирање на американската колекција на МСУ по земјотресот од 1963. Но и неколку дела од југословенски автори, Петар Лубарда, Владимир Величковиќ, меѓу кои и нашите Петар Мазев и Глигор Чемерски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.