Инкубатор програмата за култура објавува нов отворен повик за аудиција во областа на три категории – современ танц, музика и визуелни уметности.  Повикот трае до 12.03.2020 година, а аплицирањето се врши електронски на http://www.inkubator.com.mk/apliciraj

Пријавените кандидати – танчери, треба да имаат претходно познавање и владеeње на техниката на современ танц. Аудицијата ќе се одржи во форма на класичен час по современ танц, со импровизација на одредена тема која ќе се постави за време на самата аудиција.
Заинтересираните музичари треба да аплицираат со своја кратка, оригинална композиција во траење од најмалку 1 до најмногу 4 минути. Пријавените кандидати треба да имаат претходно композиторско искуство и соодветна подготовка да творат оригинална музика, наменски напишана за современ танц.

Сите заинтересирани визуелни уметници треба да аплицираат со кратка биографија и фотографии од најмалку 2, а најмногу 4 лични, селектирани дела. Избраните ќе имаат можност да создаваат современ визуелен сценски амбиент.

Селектираните Инкубатор уметници ќе бидат вклучени во продукциите на Интерарт културниот центар и Скопје танцовиот театар, кои ќе бидат прикажани на годинашниот Интернационалниот фестивал Танц Фест, како и во месец маj на повеќе сцени во Скопје и низ републиката.

Аудициите ќе се одржат на 14.03.2020 година, во просториите на Сцена Зебра и тоа:

11:00 часот – Аудиција за музичка продукција
12:00 часот – Аудиција за современ танц
14:00 часот – Аудиција за визуелни уметности

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.