Со гала оперски концерт на Националната опера и балет и солистите Наде Талевска, Ристе Велков, Славица Петровска- Галиќ, Зоран Сотиров, Борис Трајанов, Весна Гиновска Илкова, Владимир Саздовски, Павлина Новакова, Сандра Митровска, под диригентската палка на Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ синоќа во Битола беше отворено новото издание на „Интерфест“.

Солистите со својот настап ја воодушевија битолската публика, но организаторите изразија доза незадоволство затоа што годинава Министерството за култура на фестивалот му скрати 12.000 евра, со што репортоарот стана покус за пет концерти на гости од Германија, Италија и Полска, како и настапот на Камерниот оркестар од Битола, со кои според зборовите на иницијаторот за организрање на фестивалот, Милица Рибарски, биле склучени договори за настап.

Според програмата, до 11 октомври, кога ќе биде спуштена завеста на фестивалот на неколкуте фестивалски сцени во Битола, ќе настапат уметници од Македонија, Италија, Франција, Полска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.