Нова книжарница на „Литература.мк“, со површина од 500 квадратни метри, вечерва во 20 часот ќе се отвори во „Скопје сити мол“. На отворањето ќе настапи Влатко Стефановски, придружуван од неговиот син Јан на тапани и од младиот басист Иван Кукиќ, а концертот ќе може да се проследи преку Фејсбук профилот и Јутјуб каналот на „Литература.мк“.

Оваа најголема книжарница на „Литература.мк“ досега, која ќе содржи и кафуле, е сместена на вториот кат на „Сити мол“. Ќе биде застапен голем избор на белетристика, книжевност за деца и стручна литература на македонски, албански, англиски, германски и француски јазик.

По повод официјалното отворање на книжарницата ќе има промотивна акција со 30% попуст на сите изданија на „Арс Ламина“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.