Музејот на Македонија вечер од 20 часот ќе ја отвори изложбата „Африка во Македонија“ која ја организира во соработка со Археолошкиот музеј, заводите за заштита на спомениците на културата и музеи од Охрид и од Битола, Музеј на град Скопје и НУ „Стоби“.

Изложбата е од единствен карактер бидејќи првпат на едно место се прикажува исконската поврзаност помеѓу Македонија и Африка, која започнува во предисторијата и трае до денес. На изложбата ќе бидат презентирани повеќе археолошки, етнолошки и уметнички експонати, како и архивски материјали што ги истакнуваат културните, историските, религиските и политичките врски помеѓу овие навидум далечни простори, соопшти музејот домаќин на изложбата, чии автори се доц. д-р Гоце Наумов и проф. д-р Никос Чаусидис.

На изложбата, исто така, ќе бидат претставени и повеќе африкански ракотворби и фотографии од личните колекции на Мирослав Масин, Роберт Смилески, Јасмина Никуљска, Петар Јовановски, Кристина Бицева, Билјана Јурукоски, Филип Кондовски и на Скопскиот џез-фестивал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.