Изложба на фотографии насловена „Урбана архитектура во двојна експозиција“ од Виктор Поповски вечерва, во 20 часот, ќе биде отворена во МКЦ (Галерија 2).

„Урбана архитектура во двојна експозиција“ е втора самостајна изложба на Поповски. Првата ја реализирал во просторот „Галерија 7“ во Старата скопска чаршија. Тој учествувал на повеќе групни изложби.

Професионалното искуство го стекнува работејки како фоторепортер за неколку редакции како „Фокус“, „Точка“, „Лице в лице“ и други, но и како соработник со неколку поголеми маркетинг-агенции.

Поповски е роден во Скопје 1974 година. Работи како фотограф, издавач на разгледници и туристички водич. Последните десетина години е најпродуктивниот период во неговата фотографија. Од награди вредно е да се спомене дека е победник на престижната европската награда Жан Моне за 2013 година во делот аматерска фотографија, освоена втора награда на конкурсот организиран од Евролинк осигурување за 2014 година, на тема „Културата низ моите очи“, освоено прво место на конурсот организиран од невладината организација Полио плус на тема „Дискриминација низ мојот објектив“ во 2013 година и други.

Работи во светот на репортерската фотографија, комерцијалната, уличната, пејзажната, астрофотографијата итн.

За себе сака да каже дека е хроничар на својот роден град, а тоа и го прикажува преку разгледниците, но и секојдневната улична фотографија, која ја споделува на социјалните медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.