Како вовед во 35. Поетска ноќ во Велестово, на 12 август сретсело, свечено ќе биде откриена скулптурата „Раката на поетот“ од уметникот Никола Пијанманов, инспирирана од песната „Есен“ на големиот германски поет Рајнер Мариа Рилке. Скулптурата е донација од уметникот за фестивалот, а реализацијата ја овозможи Општина Охрид.
Истиот ден, со почеток од 18:00 часот во кафе и бар „Шила“ во Охрид ќе се одржи интернационалното поетско читање „Прелудиум“ – преднастан на јубилејната 35. Поетска ноќ во Велестово, на кој ќе читаат девет поети од пет земји: Марија Дејановиќ (Хрватска), Ким Симонсен (Фарски Острови), Танос Гогос (Грција), Марио Де Роза (Италија), Марко Грегур (Хрватска), Долорес Атанасова ‒ Лори, Ѓоко Здравески, Марина Икономова Шокева и Сашо Огненовски од Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.