Национална опера и балет Скопје, вечерва соопшти дека ја откажува оперската претстава „Кармен“, закажана на 13 март, 2020 година, согласно препораката на Владата да се продолжи со ограничување на јавните собири и настани.
За продолжување на редовниот репертоар од НУ Национална опера и балет дополнително ќе информираат.
Владата на седницата одржана завчера излезе со препорака до 13 март да се ограничат јавните настани со гости од странство, да нема поголеми јавни собири, а спортските натпревари да се играат одржуваат без публика како дел од превентивните мерки против корона вирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.