Непознат сторител извршил оштетување на Аквадуктот, коj е дел од културно наследство, при што биле оштетени 10 потпорни носечки столбови.

Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера околу 11:00 часот во СВР Скопје, од страна на директорот на Конзерваторскиот центар – Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Министерството за култура со осуда на вандализмот Аквадуктот

Министерството за култура енергично го осуди вандалскиот чин на оштетување на Аквадуктот, коj е дел од културно наследство, при што се оштетени 10 потпорни носечки столбови.

Во соработка со Управата за заштита на културното наследство, Конзерваторскиот центар –Скопје Општина Карпош, Министерството за внатрешни работи   и Министерството за култура, по извршениот  увид  преземени се  итни мерки за превентивна заштита и се обезбедени засилени патроли за безбедност на Аквадуктотот кој е заштитено културно наследство од прва категорија, соопштија оттаму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.