Македонска опера и балетнајави две изведби на балетската претстава „Оревокршачка“ во среда, 30.1 и сабота, 2.2.2019 со почеток во 20 часот.
-Ова е едно од најпопуларните и најизведувани дела, на сите светски сцени по музика на Петар Илич Чајковски. Овој балет е ултимативна Новогодишно-Божиќна бајка – мириса на снег, карамела и на цимет. Обоен е со црвено, златно и со бело. Веројатно затоа на публиката никогаш не и е доста од „Оревокршачка“ пред и после Нова година, секоја година!, велат од МОБ.
Во улогата на Клара настапуваат: Марија Кичевска Шокаровска (30.1) и Мими Поп Алексова Атанасовска (2.2), Принц е Бобан Ковачевски, Мала Клара е Бојана Арсовска, истакнати солисти, солисти, целиот балетски ансамбл и ученици од ДМБУЦ – балетски оддел, придружени од оркестарот на Македонска опера и балет. Диригент е Бисера Чадловска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.