Охрид е неверојатно убав град, кој изобилува со посебна позитивна енергија“, вели оперската дива Инва Мула. Шетајќи низ стариот дел на Охрид со туристичкиот водич на Охридско лето, вчера Мула се запозна со уникатноста на градот, културата, историјата и традицијата на градот.

Сум била пет или шест пати во Охрид, секогаш кога ќе сум била овде сум чувствувала некоја посебна позитивна енергија. После оваа прошетка и сите овие факти и приказни кои ми ги раскажа туристичкиот водич, ми е јасно зошто сум се чувствувала толку посебно во Охрид, вели Мула.

Воодушевен од старата охридска архитектура, древните цркви и синото Охридско езеро беше и нејзиниот колега пијанистот Генц Тукичи, кој прв пат го посети Охрид.

Совршено. Многу сум среќен што имам ваква прилика да бидам во Охрид во црквата каде мојот татко во 1970 година имаше музички концерт. Воедно сум пресреќен што имав ваква прилика да се запознаам со културно историското богатство на градот Охрид. Акустиката во црквата Света Софија е неверојатно совршена. Благодарам на фестивалот Охридско лето за оваа прилика , рече Тукичи.

Во прошетката низ стариот дел на Охрид ги придружуваше и познатата сопранистка Дешира Ахмети, која исто така уживаше во неповторливата убавина на тесните калдрмени улици, белите автентични куќи и раскошот на средновековните цркви.

Фестивалот „Охридско лето“ е амбасадор на земјава и градот Охрид. Најуспешната реклама за една туристичка дестинација се незаборавните спомени, кои гостите ги понесуваат и пренесуваат ширум светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.