Денеска  на пладне во паркот пред Културно-информативниот центар во Скопје ќе се одржи онлајн промоција на најновата прозна книга „Парадоксикон“ од Томислав Османли. Книгата, која го привлече вниманието на книжевната јавност, ќе ја промовира проф. д-р Кристина Николовска.

Книгата што го носи необичниот наслов Авторот на „Парадоксикон“ ги открива гротескните и фантастични суштини на современото секојдневие соголувајќи ги актуелните начини на отуѓување – вели писателот и издавач Глигор Стојковски и додава:

Османли живописно, комично и едновремено горчливо говори за деперсонализацијата, егоизмот, сексизмот, меркантилноста, профитерството, социопатијата, консумеризмот…поконкретно – за парцијализираното, некомплетно, осиромашено, на пати и крајно извитоперено, тажно „човекување“ на индивидуата во современото пред сѐнаше, но и универзално општество.

Промоцијата во КИЦ ќе биде проследена со музичка изведба на познатиот пијанист Глигор Гелебешев, а програмата ќе ја води Марија Богоеска. Свое обраќање ќе има и авторот Томислав Османли.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.