Оваа година Мајските оперски вечери ќе бидат одбележани на еден поинаков начин, со надеж да се вратиме што поскоро на нашата сцена и зад неа. На официјалниот јутјуб-канал публиката ќе има има можност да проследи 10 продукции на Националната опера и балет, осум оперски и две балетски со кои ќе ги одбележиме Мајските оперски вечери, соопштија од Националната опера и балет.

На 9 мај ќе може да ја проследиме дигиталната премиера на најновата продукција на операта ‘Кармен’.

На 12 мај балетската претстава ‘Рајмонда’, 15 мај ‘Турандот’, 17 мај ‘Кавалерија Рустикана’ и оперскиот концерт по повод 70 години од оперската уметност. На 19 мај ќе имате можност да го проследите балетскиот концерт ‘Балетски бисери’, а на 22 мај операта ‘Фауст’. На 24 мај, по повод празникот Св. Кирил и Методиј ќе имате можност да ја проследите операта ‘Лидија од Македонија’ од Ристо Аврамовски. Операта ‘Адријана Лекуврер’ ќе биде емитувана на 26 мај, а операта ‘Травијата’ на 29 мај. За крај традиционално, како што и би го завршиле фестивалот Мајски оперски вечери, на 31 мај ќе ја емитуваме операта ‘Аида’“, соопштија оттаму.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.