В петок, на втори декември во 19 часот во објектот Мала Станица ќе се одржи омаж во чест на фотографот Љупчо Илиевски насловен „Сеќавање за трагачот по убавината“ во рамки на манифестацијата „Денови на европско Скопје“ во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје со поддршка од Универзитетот за туризам и менаџмент.

На омажот ќе бидат изложени триесетина фотографии, избор од неговото богато творештво, а куратор на изложбата е фотографот Александар Кондев.

Свое обраќање ќе имаат кураторот Александар Кондев и Гоце Ристовски- новинар, рецензент, сценарист.

Љупчо Илиевски (30 јули 1955 – 2022) спаѓа во редот на најистакнатите македонски фотографи. Припадник е на средната генерација фотографи,кој негува специфичен, уметнички стил и силен авторски печат. Засега, е единствениот фотограф од Македонија чии фотографии за мегалитската опсерваторија Кокино се објавени во српското издание на престижното специјализирано списание за фотографија „National Geographic“.

Роден е во Прилеп. Со фотографија се занимава од 1980, а од 1987 е вработен во ЈП-МРТ, како камерман-снимател. За себе вели дека не фотографира, туку дека пишува и документира со светлината. Негува посебен интерес за театарската фотографија, која во себе носи креативна драматичност и игра на сенки. Обземеноста од лустерот од Офицерскиот дом траеше цели 11 години,а по многу собрани податоци и истражувања, проектот е заокружен со мултумејална изложба. Годинава одбележува 25 години од изложбата и повторна на јавноста ќе ја прикажа исконската љубов и носталгија кон светкавиот кристал. Приказната за Кокино, раскажана преку записот на Илиевски, резултираше со изложба, која предизвика подеднаков восхит и кај публиката и кај критиката..

Илиевски е автор на преку 10 самостојни изложби, а како член на “Фото-клуб 25“ учествувал и на повеќе групни изложби. Присутен е на повеќе филмски фестивали, неговиот потпис стои и под поштенските марки со тема – Теракотни икони и Кокино.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.