По објавувањето на годишната програма на Министерството за култура, се редат директори на фестивали, издавачи, актери кои реагираат на распределбата.

Оваа година во програмата за финансирање на Министерството за култура не се најде ниту Скопскиот џез фестивал. Директорот на фестивалот, Оливер Белопета на социјалните мрежи коментираше дека Скопскиот џез фестивал е исфрлен од годишната програма на министерството поради невалидна причина.

Редакцијата на „Република“ контактираше со директорот на Скопскиот џез фестивал, Оливер Белопета.

Во Скопски џез фестивал се уште сме во шок, бидејќи синоќа беа објавени резултатите од Годишната програма на Министерството за култура. Воопшто не станува збор за технички причини поради кои Скопскиот џез фестивал не се финансира од Министерството за култура, туку за лични причини на членови на комисијата. Таму станува збор за невиден дилетантизам, рече Белопета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.