Полската писателка Олга Токарчук и австрискиот автор Петер Хандке се годинашни добитници на Нобелова награда за литература. Оваа година има двајца добитници, а лани таа не беше доделена поради сексуален скандал во Шведската кралска академија.

Меѓу фаворитите, според пишувањето на „Гардијан“, беа Маргарет Атвуд и поетката Ен Карсон, потоа писателката Марис Конде, јапонскиот автор Харуки Мураками и Кениецот Нгуги Ва Тионго. Во најтесен избор биле и руската писателка Људмила Улицкаја и Олга Токарчук од Полска.

Меѓу претходните победници се Боб Дилан (2016), Алис Манро (2013), Орхан Памук (2006), Тони Морисон (2003) и Габрие Гарсија Маркез (1982).

Победниците добија по девет милиони шведски круни, медал и доплома.

Официјално, 76-годишниот Хандке е добитникот за 2019-та. Хандке е еден од најплодните современи европски писатели, но исто така и контроверзна личност, откако за време на војните во поранешна Југославија отворено им даваше поддршка на српскиот национализам и на Слободан Милошевиќ и дури одржа говор на неговиот погреб.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.