Планот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот регион кој е изготвен согласно препораките на Унеско ќе ги уредува насоките како во иднина ќе се спроведуваат било какви градежни активнoсти. Нацрт-документот кој е веќе јавно објавен и доставен до Центарот на Светското наследство и советодавните тела,треба да биде усвоен до крајот на 2019 година. Претходно во тој рок, стартуваат активности за вклучување во јавна консултација на надлежни органи од соседна Албанија, а предвидено е Планот да биде ставен и на јавна консултација.

Историчарите сметаат дека не треба врз старите градби да се гради нешто ново бидејќи на тој начин се нарушува автентичноста .

Од граѓанската иницијатива Охрид СОС на својата фејзбук страна објавија дека Планот за управување со Охридскиот Регион е суштински важен документ кој треба да загарантира заштита на природното и културното наследство кое е под силна закана и деградација,затоа апелираат на што помасовно учество од страна на граѓаните на јавната расправа која се очекува да биде организирана на почетокот на месец ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.