Од 10 до 13 јули, во дворот на Кинотека почнува летната програма, во која ќе се прикажуваат 4 современи филмови од годинешниот Европски филмски предизвик.

Од Кинотеката информираат дека според актуелниот Протокол за организирање јавни настани ги воведува следниве правила: задолжителна дезинфикација на рацете при влез во дворот и објектот, задолжително носење на маска или заштита преку устата и носот, задолжително одржување на дистанца додека се следи проекцијата, пушењето за време на проекција е непожелно, забрането е внесување на пијалоци (алкохолни и безалкохолни).

Ве замолуваме заеднички да се погрижиме за чистотата на гледалиштето и дворот на Кинотеката, како и секој самостојно да ги одложи своите отпадоци во корпите по проекцијата, апелираат од Кинотека.

Цената на билетот е 100 денари, а со него посетителите добиваат и бесплатен освежителен пијалак.

ЕВЕ ЈА ПРОГРАМАТА:

10.07.2020 | 21.00 часот
Господ постои, името ѝ е Петрунија (2019)
Режија: Теона Стругар Митевска
1h 40min | драма
С. Македонија

11.07.2020 | 21.00 часот
Гостин / The Guest (2018)
Режија: Duccio Chiarini
1h 34min | комедија, драма, романса
Италија, Швајцарија, Франција

12.07.2020 | 21.00 часот
Земјата под моите нозе / The Ground Beneath My Feet (2019)
Режија: Marie Kreutzer
1h 48min | драма
Австрија

13.07.2020 | 21.00 часот
Сонот на Катрина / Katrina’s Dream (2018)
Режија: Dario Bischofberger, Mirko Bischofberger
Швајцарија, Италија
1h 24min | драма, романсаЦена на билет: 100 денари

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.