Со почеток во 20 часот во Културно-информативниот центар – Скопје, ќе се одржи отворање на изложба на акварели од Илија Маџаров.

Сликите на Илија, посебно неговите акварели и гвашеви на хартија, се насликани брзо и без двоумење. Но, затоа на овие слики им претходи долго осознавање на мотивот и претходно истражување. Во неговата изложба преовладуваат водата, небото и зајдисонцата.

Сликарскиот ракопис на Илија Маџаров е спонтан. Тука нема системи и идеи за монументални и епски композиции. Она што се случува е тука и сега, собрано во малиот формат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.