Од вечерва, па до 22 август во рамки на програмата „Раздримување“ на фестивалот „ДримОн“ ќе се одржат книжевни промоции.

Почетокот на настанот е во 20 часот во фоајето на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, a ќе бидат претставени: реобјавениот роман  „Село зад седумте јасени“ од Славко Јаневски, романот „Некој бил тука“ на Николина Андова Шопова, романот „Последното име на иднината“ на Живко Гроздановски, а на 22 август, во рамките на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“, во 23 часот на плажата „Галеб“ ќе се одржи промоција на книгата „Дедлајна љубов моја“ на Владимир Лукаш.

И нам ни недостига малиот книжевен саем, кој се навикнавме низ годиниве да ни носи квалитетни наслови, но веруваме дека и со оваа „специјална“ селекција, патем проследена и со добра промоторска препорака, ќе им удоволиме на вашите апетити за вкусни четива, велат од „ДримОН“.

Целиот настан може да го погледнете тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.