Македонскиот народен театар (МНТ) соопшти преку социјалните мрежи дека од утре, 18 март, во 20 часот, ќе може онлајн да се следат претстави од нивниот репертоар.

Бидејќи овие денови не можете да уживате во магијата на театарската игра, МНТ е секогаш тука за вас. Од утре со почеток од 20 часот стартуваме онлајн и во вашите домови, каде што бесплатно, преку нашиот Јутјуб-канал можете да ги гледате претставите со следниот редослед: 18.3. „Сомнително лице“, 19.3. „Изгубени Германци“, 20.3. „Парите се отепувачка“, 23.3. „Да тргнеме Сењор“ и 24.3. „Мајсторот и Маргарита“. Останете дома, почитувајте ги препораките, бидете со нас и гледајте нѐ онлајн, велат од МНТ.

Поради состојбата со коронавирусот, повеќе од две недели не се одржуваат претстави во ниту еден театар, а ваквата состојба ќе остане најмалку до 24 март, како што препорача Владата.

Во Македонија досега има 26 заболени од коронавирус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.