Утре започнуваат со работа комисиите кои ќе ги разгледаат сите одбиени апликации на Годишните конкурси. Одлуките за сите одбиени апликации ќе бидат поништени, и по нивното повторно разгледување, доколку се утврдат недоследности, листата на поддржани проекти од национален интерес ќе биде дополнета, соопштија денеска од Министерството за култура.

Ве известуваме дека утре (11.2.2019 година) со почеток во 10 часот во просториите на Министерството за култура, ќе започнат со работа сите стручни комисии по одделни дејности кои ќе имаат задача повторно да ги разгледаат сите апликации кои беа одбиени на Годишните конкурси на Министерството за култура за 2019 година, велат од Министерството.

Најавата за поништување на Одлуките за сите одбиени апликации уследи по бурните реакции во јавноста по направениот избор на добитниците на Годишните конкурси во ова Министерство, а беше побарана и оставка од министерот за култура, Асаф Адеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.